КОЈА Е ЦЕЛТА НА ВОВЕДУВАЊЕ НА EXCELLENT SME СЕРТИФИКАТ?
Excellent SME сертификатот е добро познат во земјите и окружувањето и поради своите строги критериуми на сертифицирање важи како адекватна алатка за брза проценка на деловни партнери на странските пазари.
Основна цел за воведување на овој вид на сертификат на нашиот пазар е зголемување на конкурентноста на компаниите и придвижување на деловното работење во локалното и меѓународното стопанско опкружување со цел зголемување на транспарентноста на пазарот и поттикнување на извозот.
Поседувањето на Excellent SME сертификат го прави претпријатието конкурентно на домашниот и странскиот пазар и создава поголем број можности за остварување на деловна соработка. Excellent SME сертификатот овозможува мрежно поврзување на деловните субјекти со цел остварување на соработка без ризик од изигрување и малверзација.
Сертификатот е видлив на интернет страната на вашата компанија. Истиот потврдува одличен бонитет на претпријатието а со тоа воедно и повисок кредибилитет во очите на домашните и странските деловни партнери и финансиски институции.