fbpx

Ја градиме вредноста на компанијата преку деловна соработка

Наплата на побарувања

COFACE Мониторинг

Услугите од Coface за следење на ризиците во деловното работење им обезбедуваат на компаниите квалитетни информации прилагодени на нивните потреби. Со тоа,компаниите ги подобруваат процесите на донесување одлуки и ги контролираат потенцијалните ризици.

ЧЕТИРИ ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА ИЗБЕРЕТЕ УСЛУГА-НАПЛАТ НА ДОЛГОВИ:

  • Следење на 28 параметри
  • Прилагодени решенија и целосно автоматизиран мониторинг процес
  • 24/7 автоматска проверка на промените
  • Достапно во 13 земји во Централна и Источна Европа

Флексибилни и прилагодливи, бидејќи нудиме:

Локална и меѓународна B2B наплата на неспорни долгови
Работен процес на собирање прилагоден на карактеристиките на должниците и клиентите
Поставување на нарачка за наплата, мониторинг на чекорите за наплата, статистички извештаи за статусот на интернет преку DCON

Забрзување на процесот на наплата преку:

Правни совети и постапки од специјализирани домашни или партнерски адвокати
Ефикасен систем наплата на долгови со низок износ
Електронска размена помеѓу системите на нашите клиенти и DCON на големи количини на податоци

Мерките за стандардно наплата вклучуваат: услуга на потсетник, телефонска интервенција, лични посети и преговори за распоредување на плаќања.

DCON – COFACE ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ONLINE УСЛУГИ

Нашите експерти се поддржани од нашата онлајн база на податоци за наплата на долгови (DCON) и со најсовремени информации од нашата информативна база (ICON) што опфаќа повеќе од 12 милиони компании во Централна и Источна Европа.

Како онлајн корисници, нашите клиенти уживаат голем број на предности:

Поставување на нарачка, извештаи за статусот и статистика преку ICON<./li>
Преглед на портфолиото на предметите од страна на канцелариите на Coface во Централна Европа.
Онлајн мониторинг на чекорите за наплата (услуга на потсетник, телефонска интервенција, лични посети и преговори за распоредување на плаќања).

УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТНИОТ РИЗИК

Нашите консултантски услуги за управување со кредитниот ризик се дизајнирани да ги анализираат постојните системи и да ги идентификуваат можностите за подобрување на процесите и намалување на трошоците.

Нашите консултанти се потпираат на информациите обезбедени од нашата ICON информациска база на податоци, како и нашите искусни тимови за наплата. Партнерските правни фирми специјализирани за законска наплата на долг и постапки за несолвентност може да се вклучат во процесот на наплата доколку е потребно. Ние, исто така, соработуваме со Одделот за ризици и економски истражувања во земјата како и со нашите локални економисти.

ЧЕТИРИ ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА ИЗБЕРЕТЕ УСЛУГА-НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ:

  • Проценка на методи за подобрување на наплата
  • Соработка со специјализирани експерти кога е потребно
  • Правна помош
  • Информации од најголемата база на податоци на компанијата (ICON) во ЦИЕ

ВИЕ ИМАТЕ КОРИСТ ОД:

  • Анализа на ненаплатени износи
  • Проценка на методи за подобрување на наплатата и препораки за подобрување
  • Обука на кадри за управување со побарувања
  • Советување за дизајнирање на ефективни потсетници и ефикасни методи за подобрување на наплатата
  • Правна помош- пред, за време и по постапките за наплата како и постапки за несолвентност
  • Анализа на кредитен ризик на специфични индустрии или пазари врз основа на кредитни резултати на компаниите и статистики за несолвентност

АУТОСОРСИНГ НА ПРОЦЕСОТ НА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА И НАМАЛЕНА ПОТРЕБА ЗА НАДВОРЕШНО ФИНАНСИРАЊЕ

Услугите за управување со побарувања го покриваат целиот синџир на побарувања: од генерирање и испраќање на фактури и потсетници преку следење и обновување на заостанатите износи. Нашиот модуларен пристап им овозможува на клиентите да користат аутсорсинг услуги во текот на целосниот животен циклус на фактурирањето или само на избрани сегменти. Професионални тимови и ефикасните работни процеси го рационализираат целиот процес на наплата на побарувања.

Поддршката од експертите за управување со побарувања на Coface им помага на компаниите да го подобрат прометот со наплата на побарувањата а со тоа и да ја намалат потребата за надворешно финансирање

ЧЕТИРИ ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА ИЗБЕРЕТЕ УСЛУГА-НАПЛАТ НА ДОЛГОВИ:

  • Модуларен пристап
  • Подобрување на промет од наплата на побарувања
  • Експерти за целиот синџир на побарувања
  • Близок контакт со должниците преку физичко присуство на Coface кореспондентите во сите земји од ЦИЕ

ВАШИТЕ ПРЕДНОСТИ:

  • Аутсорсинг на целото портфолио на побарувања или специфични делови за B2B наплата
  • Поддршка за секој избран сегмент од животниот циклус на фактурирањето (генерирање на фактури, издавање на фактури, испраќање фактури, следење на исплата, испраќање потсетници и превземање правни дејства)
  • Фокусирајте се на вашите активности за пред-наплата, врз основа на континуиран директен контакт со должниците во целиот период на плаќање
  • Автоматско започнување на постапките за наплата откако должниците ќе доцнат со плаќањата
  • Флексибилни интерфејси за безбеден и непречен пренос на податоци